-4.9 C
Pehčevo

    Улицата „Јулија Веселинска“ ќе добие нов тротоар

    Датум:

    Општина Пехчево денес започна со изградба на тротоар на улицата „Јулија Веселинска“ или поранешна „Истра“. На оваа влезна сообраќајница во Пехчево, ќе се уреди тротоарот со бекатон плочки, од раскрсницата, па, се до непосредна близина на црквата Св.Петар и Павле.

    Општина Пехчево денес започна со изградба на тротоар на улицата „Јулија Веселинска“ или поранешна „Истра“.

    Целта е зголемување на безбедноста на пешаците преку изградба на тротоар со бекатонска подлога. Општина Пехчево континуирано реализира проекти преку кои се подобрува инфрструктурата во Пехчево, која е од огромно значење за граѓаните. Станува збор за досега неуредена јавна површина  и истата се уредува за да се зголеми сигурноста во сообраќајот на оваа локација во градот.

    Општина Пехчево денес започна со изградба на тротоар на улицата „Јулија Веселинска“ или поранешна „Истра“.

    На оваа патека ќе работи фирмата СД „Транс“-с.Звегор, која согласно јавната електронска аукција понуди најповолна понуда за изградба на тротоари,  висината на средствата за овие активности изнесуваат 2.537.138 денари, а средствата се обезбедени преку Проект за подобрување на општинските услуги кој се реализира со гранд за успешност преку Светска банка.

    Инаки, Општина Пехчево наскоро ќе започне со изградба и реконструкција на 8 улици и исто толку тротоари на истите низ градот Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...