11.5 C
Pehčevo

    При посетата на сите населени места во Пехчево жителите ги поздравија досегашните реализирани проекти

    Датум:

    Минатата недела градоначалникот на општина Пехчево, заедно со Претседателот на Советот, Пратеничката во Собранието на Република Македонија, тим од стручните служби од општината, како и претставници од јавните претпријатија од општината, кои имаат надлежност да ги решаваат проблемите со кои се соочувааат граѓаните започна новиот циклус на редовни посети на месни и урбани заедници на територијата на општината.

    Посета 2016

    Целта на граѓанските средби е да се отворат најбитните комунални теми и најгорливите инфраструктурни проблеми и добивање идеи за проекти, кои ќе се реализираат од буџетот во 2017 година. Исто така, градоначалникот сака да го слушне ставот на претставниците на урбаните заедници за она што недостига во нивното место на живеење, што би било приоритет и за нив но и за општината.

    Како што беше нагласено на средбата, општина Пехчево и досега имаше добра практика во прво лице да слуша од граѓаните за нивните потреби и проблеми и на тој начин побрзо да се реагира во насока на нивно надминување, а во овој период кога се подготвува буџетот за наредната година, оваа практика е уште поважна.

    Жителите беа задоволни од досегашните проекти кои ги реализираше градоначалникот Поповски и како што истанааа се што е побарано од локалната самоуправа и градоначалникот е реализирано.

    poseta-2016

    Во непосредна комуникација со градоначалникот, жителите на селските и урбаните заедници, беа информирани дека се изготвени неколку проектно технички документации за идната година од комуналната и патната инфраструктура, одржувањето на уличното осветлување, уредувањето на просторот и многу други проекти.

    Генерално, посетите кои градоначалникот со дел од администрацијата ги врши по сите населени места, се поздравуваат од жителите, бидејќи на тој начин најдиректно можат да го информираат за сите проблеми кои ги мачат, а се во надлежност на локалната самоуправа, но истовремено можат да се информираат, од прва рака, за сите идни проекти и замисли кои треба да се реализираат во перспектива.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...