7.6 C
Pehčevo

    Таксистите ќе полагаат испит за авто-таски возач

    Датум:

    Денес во салата за состаноци во општина Пехчево претставници од АСУЦ ,, Боро Петрушевски “ - Скопје и претставници од локалната самоуправа се сретнаа со сопствениците и возачите на авто-такси компаниите од Пехчево.

    Денес во салата за состаноци во општина Пехчево претставници од АСУЦ ,, Боро Петрушевски “ – Скопје и претставници од локалната самоуправа се сретнаа со сопствениците и возачите на авто-такси компаниите од Пехчево. Целта на средбата беше таксистите да се запознаат со новините во извршувањето на авто-такси дејноста и обврските за усогласување на работењето со нив.

    Според претставниците од АСУЦ „ Боро Петрушевски “, измените на Законот за превоз во патниот сообраќај се суштински. Според нив компаниите се должни да вработат возачи со сертификат. Претходно возачите ќе посетуваат обука кај овластена компанија во моментот АСУЦ, а ќе полагаат пред петчлена комисија составена од тројца претставници од општинската администрација и двајца членови од авто-такси превозници.

    Денес во салата за состаноци во општина Пехчево претставници од АСУЦ ,, Боро Петрушевски “ - Скопје и претставници од локалната самоуправа се сретнаа со сопствениците и возачите на авто-такси компаниите од Пехчево.

    Претставниците на такси компаниите се пожалија на намалениот број такси возачи и финансискиот товар што го повлекуваат овие измени. На состанокот се разговараше и за состојбата со нелегалните такси превозници и потребата од зголемување на инспекциските контроли.

    На состанокот беше дефинирано дека сите што сакаат да полагаат, пријавите за обука за добивање на сертификат треба да ги достават во општината најдоцна до 10 февруари 2015 година.

    Според Законот за превоз во патниот сообраќај секој авто–такси возач е должен да поседува Сертификат за авто-такси возач. Сертификатот се добива по претходно добиено Уверение за положен испит за авто-такси возач. Општина Пехчево ја спроведе постапката за избор на правни лица кои што ќе ја извршуваат обуката. Избраните правни лица добиваат овластување од Градоначалникот.

    Сертифицирањето е регулирано со закон, таксистите ќе треба да полагаат тест пред петчлена комисија . Тестот ќе се состои од прашања од административна природа и од областа на сообраќајот, познавање на прописи и локации низ градот. За констатираната состојба, комисијата е должна да составува записник за секое лице кое ќе полага испит и ќе води евиденција на лицата кои го положиле испитот да добијат уверение за вршење на дејноста авто-такси возач.
    Сертификатот е задолжителен и тој е еден од условите за добивање на лиценца за вршење на авто такси превоз. За добивање Сертификат кандидатот плаќа надомест утврден со трошковникот. Секој кој што мисли да се занимава со оваа дејност , при вадењето на лиценца ќе мора да го приложи овој документ, бидејќи без сертификат не може да биде издадена лиценца.

    Со овој сертификат ќе се стави ред во такси превозот, а граѓаните би добиеле поквалитетна услуга бидејќи таксистите ќе знаат многу повеќе за градот но и за нивните права .

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...