-2.5 C
Pehčevo

    Во Пехчево одбележан ,, Светскиот ден без автомобили “ и акцијата ,, Засади дрво за мир “

    Датум:

    Јавната детска установа „7 Септември “ како еко градинка и општина Пехчево, се вклучуваат во акцијата „Засади дрво за мир“.

    Интернационалната програма “Учење за шумите” (Learning about Forest) на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и програмата ЕНО (ENO), по десети пат ја спроведуваат акцијата на садење дрва за создавање на одржлива иднина.

    Јавната детска установа „7 Септември “ како еко градинка и општина Пехчево, се вклучуваат во акцијата „Засади дрво за мир“.
    Јавната детска установа „7 Септември “ како еко градинка и општина Пехчево, се вклучуваат во акцијата „Засади дрво за мир“.
    По тој повод триесетина дечиња облечени во блузи на кои на грбот им пишува ,, Моето дрво на мирот “ и вработените од детската градинка „7 Септември “ и вработените во локалната самоуправа предводени од градоначалникот Поповски, засадија дрвца (украсен даб ) на повеќе локации во Пехчево со што станаа дел од светската акција за мир и подобра животна околина.

    Јавната детска установа „7 Септември “ како еко градинка и општина Пехчево, се вклучуваат во акцијата „Засади дрво за мир“.
    Акцијата „Засади дрво за мир“ 2014 е во организација на Интернационалната програма „Учење за шумите“ (Learning about Forest) на Фондацијата за еколошка едукација (FЕЕ) и ЕНО програмата (ENO), додека во Република Македонија се спроведува преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
    Настанот ги поврзува децата од целиот свет, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина. Што е уште поважно, настанот го промовира образованието за мир и ја зголемува свесноста на децата и учениците за важноста на дрвата и шумите во светски рамки. Садењето на дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот.

    Акција засади дрво на мир3

    Во рамки на Европската недела на движење и одбележување на Светскиот ден без автомобили – 22 Септември, конвој од над сто млади ученици од општинското основно училиште ,, Ванчо Китанов “, предводени од нивните наставници и градоначалникот Игор Поповски, денеска предпладне продефилира од центарот на Пехчево до училиштето, со што активно го одбележаа Светскиот ден без автомобили.

    Акција засади дрво на мир4
    Градоначалникот Поповски упати апел и до возачите, не само денеска формално да се одбележува Светскиот ден без автомобили, туку колку што е можно почесто, дневните активности да ги вршат одејќи пеш или со велосипед со што ќе се заштити здравата животна средина и амбиенталниот воздух од штетни гасови и од бучава.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...