7.6 C
Pehčevo

    Свечено одбележан денот на ослободувањето на Пехчево

    Датум:

    По повод ослободувањето на Пехчево 7-ми септември, локалната самоуправа традиционално и оваа година со свечена прослава го одбележа овој празник. Пехчево во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со голема почит.

    По повод ослободувањето на Пехчево 7-ми септември, локалната самоуправа традиционално и оваа година со свечена прослава го одбележа овој празник. Пехчево во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со голема почит.

    Денот на ослободувањето на Пехчево, кој оваа година се празнува по 70-пат, беше одбележан со повеќе свечености на кои присуствуваа голем број гости од општината, како и претставници на институциите и организациите со кои Општината остварува успешна соработка.

    Во рамки на одбележувањето на 7 Септември, чествувањето започна во 10 часот пред Споменикот на Ванчо Китанов, каде цвеќиња положија, сестрата на Ванчо Китанов, делегација од локалната самоуправа, Советот на општина Пехчево, делегација од детската градинка ,, 7 Септември ’’ и ООУ. ,, Ванчо Китанов ‘‘.

    По повод ослободувањето на Пехчево 7-ми септември, локалната самоуправа традиционално и оваа година со свечена прослава го одбележа овој празник. Пехчево во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со голема почит.

    На свечената седница на Советот на Општина Пехчево, Претседателот на Советот Стојче Стефановски ги додели општинските награди и признанија за 2014 година, кои Општината ги доделува за особени постигнувања и резултати на поединци и институции.

    Наградата за ,, 7-ми Септември “ за 2014 година општина Пехчево ја додели на следните добитници:

    – Бранко Бојчевски -За најзаслужен граѓанин на општина Пехчево;

    – Нова Рефрактори – најзаслужна фирма во општина Пехчево;

    – Центар за лековити билки и шумски плодови ,, Амброзија “ – НВО со најголем придонес и соработка со општина Пехчево;

    – КУД ,, Јане Сандански “ – за најголем допринос и соработка со општина Пехчево;

    – Здружение на пензионери – за општ придонес во општина Пехчево.

    По повод ослободувањето на Пехчево 7-ми септември, локалната самоуправа традиционално и оваа година со свечена прослава го одбележа овој празник. Пехчево во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со голема почит. По повод ослободувањето на Пехчево 7-ми септември, локалната самоуправа традиционално и оваа година со свечена прослава го одбележа овој празник. Пехчево во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со голема почит.

    Програмата по повод празникот беше збогатена и со презентација на отчетот на градоначалникот на општина Пехчево, за сработеното, презентација на ОЈУДГ ,, 7 Септември “ за активностите кои ги спроведува детската градинка и поетско читање во чест на градот Пехчево и првоборецот Ванчо Китанов од страна на Габриела Костадинова.

    Чествувањето во рамки на централната манифестација продолжи во детската градинка ,, 7 Септември “,каде традиционално на овој ден секоја година по повод патрониот празник на градинка, беше организиран коктел на кој беа поканети сите граѓани на Пехчево.

    Празнувањето е планирано да продолжи во 19 часот на градскиот плоштад во Пехчево каде ќе се одржи пригодна манифестација на која ќе настапат:

    -Женската играорна група при Домот на културата ,, Јане Сандански “

    -Настап на хорот на пензионери од Пехчево

    -Настап на тамбурашкиот оркестар при ОУ Домот на културата ,, Јане Сандански “ – Пехчево

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...