21.4 C
Pehčevo

    СООПШТЕНИЕ – Посета на месните заедници Панчарево и Црник

    Датум:

    Грб на општина Пехчево

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија ќе ги посетат месните заедници Панчарево и Црник.
    Целта на средбата ќе биде жителите од овие селски населби, да ги истакнат проблемите за подобрување на животниот стандард, развој на економијата, создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, се со цел да се вметнат во програмата на локалната самоуправа за реализација во 2014 – 2015 година.

    Посетите ќе се извршат на ден 17.10.2014г.(петок) по претходно утврдена агенда.

    19:00ч – Посета на село Црник

    20:30ч – Посета на село Панчарево

    Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...