4.3 C
Pehčevo

    Соопштение за поставување на видео надзор на локалитетот Барски еко – систем „Езерце“

    Датум:

    Општина Пехчево, ги информира граѓаните дека согласно важечката законска регулатива е во постапка да постави видео надзор на локалитетот Барски еко – систем „Езерце“.
    Видео надзорот ќе се поставува исклучиво во функција за заштита на зелени површини, за заштита на урбаната опрема, заштита на пешачки патеки, заштита од диви депонии, односно да се зачува јавното добро ставено во функција на граѓаните и купено со парите на граѓаните, како и да бидат минато сликите од уништена урбана опрема.
    Овој систем ќе функционира во согласност со законите.
    Во таа насока, од денес на општинската веб-страница, www.pehcevo.gov.mk, е активна јавна анкета на која граѓаните можат да дадат свое мислење, дали се ЗА или ПРОТИВ поставување видонадзор на споменатата локација.
    Анкетата ќе помогне за да се слушне мислењето на граѓаните со цел да продолжи постапката за поставување видео надзор на локалитетот „Езерце“, кој е честа мета на несовесни граѓани.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...