-2 C
Pehčevo

    Општина Пехчево доби ново возило за собирање на отпад

    Датум:

    ЈКП.„Комуналец„ – Пехчево, по повеќе години го обнови возниот парк со камион за собирање отпад. Преку проектот за изградбата на регионална депонија, финансиран од страна на фондовите на ЕУ, за ова претпријатие Општина Пехчево обезбеди ново возило за собирање смет, кое ќе биде наменето за подобрување на јавната чистота во градот.

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски и директорот на ЈКП „Комуналец“, Борис Поповски, денеска го промовираа новото возило.

    Градоначалникот Тренчовски истакнува дека во иднина Јавното комунално претпријатие ќе работат според ЕУ стандарди, во однос на складирање и селектирање на отпадот.

    – Со ова општина Пехчево и ЈКП.„Комуналец“ како претпријатие задолжено за јавната чистота и комуналната хигиена во иднина ќе работат според ЕУ стандарди, во однос на складирање и селектирање на отпадот, во рамки на проектот кој предвидува изградба на Регионалната депонија и повеќе локални и градски депонии на територијата на општините во Источно планскиот регион, истакна Тренчовски.

    Тренчовски додава и дека чистата и здрава животна средина е приоритет, а во текот на наредниот период значајна ќе биде и селекцијата на отпадот и дека како општина веќе се обезбедени и дополнително нови контејнери.

    Директорот Поповски кажа дека новите возила значително ќе придонесат во заштеда на резервни делови, гориво и масло, а и дека ќе се анулира бучавата и аерозагадувањето од постарите камиони.

    – Од една страна ќе се намалат трошоците, а од друга ќе бидеме поефикасни во извршувањето на секојдневните задачи како во однос на комуналната хигиена, така и во однос на другите сектори, вели Поповски.

    Инаку, возилото е марка ИВЕКО, со капацитет од 4м3 за депонирање смет и функционално за да биде пристапно до сите реони на Пехчево и околината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...