7 C
Pehčevo

    Соопштение за организирање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач

    Датум:

    Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/02), а во врска со член 8-з став 1 алинеја 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14), a во согласност со Правилникот за постапката и Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и Сертификатот за авто-такси возач, Општина Пехчево Ве известува дека ќе спроведе испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

    Истиот ќе се спроведе на ден 03.03.2015 година (Вторник) со почеток во 11.00 часот.

    Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

    Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

    Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Пехчево најдоцна до Петок, 27.02.2015 година, до 16.00 часот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...