7 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста – Зимско одржување на локални улици и патишта за сезоната 2015/2016 година

    Датум:

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на најавите на Хидрометеоролошкиот завод на Р.Македонија во претстојниот период следува време на ниски температури, појава на голомразица и врнежи од снег со што се зголемува опасноста од отежнато движење на пешаците и одвивање на сообраќајот по јавните површини, тротоари, улици и патишта. По горенаведеното подразбира потреба од редовно чистење на снегот од објектите на комуналната инфраструктура, јавните површини, локални улици и патишта.

    Зимското одржување на локалните улици и патишта се врши согласно на одредбите на Законот за јавни патишта, Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, Законот за јавна чистота, Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи и соодветно на истите, општината донесува Програма за зимско одржување на локални улици и патишта.

    Општина Пехчево ја информира јавноста дека согласно на Програмата за зимско одржување на локални улици и патишта за сезоната 2015/2016 година, чистењето на коловозните површини на локалните улици и патишта ќе го врши ЈКП. ,, Комуналец “ – Пехчево во склад со Договор. Исто така општина Пехчево ја потенцира обврската на институциите на локално ниво, претпријатија, граѓани сопственици или корисници на делови од згради или згради/простории (продавници, ресторанти, кафе барови и сл.) како и граѓаните сопственици на индивидуални стамбени објекти за расчистувањето на снегот и мразот од тротоарските површини и приодни места до своите објекти.

    Надзорот врз зимското одржување на локалните улици и патишта и др.јавни површини и објекти на комуналната инфраструктура на територијата на општина Пехчево ќе го вршат органите на општина Пехчево и Одделот за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...