5.1 C
Pehčevo

    Соопштение – Инфо ден за измените на ИПАРД програмата

    Датум:

    Грб на општина Пехчево

    Согласно на Јавниот повик 01/2013 за доставување на барање за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија ( ИПАРД Програмата ),

    која е објавена во Петок 31.05.2013 година во дневните весници Вечер, Дневник и Коха, како и на интернет страниците на Секторот за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година во соработка со општина Пехчево ќе спроведе инфо ден за измените на ИПАРД програмата 2007 – 2013, со што заинтересираните граѓани на општина Пехчево ќе се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007 – 2013 и начинот на користење на средства од програмата.

    Информативниот ден ќе се одржи на 11 јули 2013 година ( четврток ) во Домот на културата ,, Јане Сандански ‘‘ – Пехчево со почеток во 19 часот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...