-2 C
Pehčevo

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ Пехчево

    Датум:

    Градоначалникот Поповски денес беше во посета на улицата Буковик каде во моментот се извршуваат градежните работи.

    Градоначалникот Поповски денес беше во посета на улицата Буковик каде во моментот се извршуваат градежните работи за изградба на истата. Жителите кои живеат на таа улица гордо му се заблагодаруваат на градоначалникот и локалната самоуправа што нивните проблеми и барања конечно се реализираат. Некои пак од нив му изразуваат благодарност со тоа што велат дека по таа добрина ќе го паметат цел живот.

    Градоначалникот Поповски денес беше во посета на улицата Буковик каде во моментот се извршуваат градежните работи.

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ градот Пехчево.Се рушат десетина стари градби кои ја попречуваат изградбата на улиците во Пехчево, а нивното рушење е со цел да се добијат широки улици и да се изградат тротоари на улиците. Градоначалникот Игор Поповски истакна дека станува збор за стари руинирани објекти или помошни простории кои никој не ги користи.

    -Овие објекти ја попречуваа изградбата, ако ги оставиме, улицата нема да биде безбедна и да го добие планираниот изглед. Исто така,овие објекти и самите претставуваа опасност, бидејќи можеа да се срушат во секој момент. Ние, како општина се договоривме со сите сопственици, да ги отстраниме овие стари објекти и да придонесеме во подобрување на урбаниот изглед на градот. Морам да истакнам дека никој од сопствениците не правеше проблем во врска со старите објекти и нивното рушење, рече Поповски.

    Во моментов во Пехчево се реализира проектот за изградба и реконструкција на 8 улици во градот со вкупна должина од 3 км. Проектот е вреден 260 илјади евра, а грант средствата се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, а истите се администрирани според правилата на Светска банка. Изградбата на улиците треба да заврши за 4 месеци.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...