14.8 C
Pehčevo

    Со низа манифестации во Пехчево заврши Месецот на книгата

    Датум:

    Со доделување на пригодни награди, во кино салата при Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, библиотеката ,, Кочо Рацин ’’ ја заврши манифестацијата ,, Месец на книгата ’’.

    Со доделување на пригодни награди, во кино салата при Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, библиотеката ,, Кочо Рацин ’’ ја заврши манифестацијата ,, Месец на книгата ’’.

    По тој повод беше распишан литературен и ликовен конкурс.

    Со доделување на пригодни награди, во кино салата при Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, библиотеката ,, Кочо Рацин ’’ ја заврши манифестацијата ,, Месец на книгата ’’.

    ,, Читањето книга ви помага во намалување на стресот и ве расположува. Тоа значи кога читате, вашиот ум е на сосема груго место, па макар за момент ќе заборавите на вашите грижи. Читањето ви ги отвара вратите и ви го прави животот полесен, така што не е важно што читате, колку повеќе читате, толку подобро ќе се чуствувате, пред присутните истакна В.Д директорката Габриела Костадинова и додаде дека по тој повод библиотеката подготви некои активности.

    Беше распишан литературен конкурс на тема ,, Нема посилен и поумен од оној кој со книгата другарува ’’ на која учествуваа учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ и беа наградени следните ученици: Прво место освои Ирена Ѓорѓиевска, второ место Маја Пандова, трето место освои Елена Ќурчиска.

    Беше распишан и ликовен конкурс на тема ,, Кога јас би напишал книга корицата би била ваква ’’. На конкурсот учествуваа учениците од гимназијата ,, Ацо Русковски ’’ – Берово и учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ – Пехчево.

    Од гиманацијата ,, Ацо Русковски ’’ беа наградени следните учесници: Првото место го делеа Викторија Лапевска со цртеж на тема ,, Чекорот на срцето ’’ и Ќемал Абдулов со цртеж на тема ,, Осаменост ’’, Дијана Димитровска и Марија Двојаковска го делат второто место, додека третото место го делеа Кристина Киртошева и Габриела Свињарска.

    Учениците Елена Каракашевска, Алмедина Нехтепарова, Ленче Дупкарска и Тамара Попчевска добија награди за пофалени цртежи.

    Од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ – Пехчево беа наградени следните ученици: Марија Китановска со цртеж на тема ,, Танатос ’’ и Сандра Стојановска со цртеж на тема ,, Сеќавање ’’ го делеа првото место, второто место го делеа Марко Пандов и Кристина Карафатска, а третото место го делат Моника Јовевска и Етем Усаинов.

    Учениците Ванчо Кржовски, Ридарова Зена и Моника Стојовска беа наградени за пофалени цртежи.

    Беа избрани и наградени најдобрите рекордери читатели од возрасната популација. Манифестацијата заврши со доделување пофалница и книга за секој награден читател.

    В.Д директорката Костадинова им се заблагодари на сите присутни што беа дојдени да бидат дел од нивното дружење.

    Со доделување на пригодни награди, во кино салата при Домот на културата ,, Јане Сандански ’’, библиотеката ,, Кочо Рацин ’’ ја заврши манифестацијата ,, Месец на книгата ’’.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...