11.9 C
Pehčevo

    Со низа активности започна одбележувањето на месецот на книгата во Пехчево

    Датум:

    Месец на книгатаСо низа активности матичната библиотека „Кочо Рацин” од Пехчево започна со одбележување на месецот на книгата. Првата активност, како што информираше директорката на библиотеката Јасмина Цековска, се реализираше во соработка со наставниот кадар и учениците од деветолетката „Ванчо Китанов”.

    – Како дел од одбележувањето на месецот на книгата со учениците и наставниот кадар од пехчевската деветолетка „Ванчо Китанов” организиравме музичко-поетски и драмски перформанс. Во рамки на настанот беа изведени две кратки драмски претстави, а дел од учениците се претставија со свои лилни поетски творби. За музичкиот дел беа задолжени млади таленти, инаку ученици во гимназијата „Ацо Русковски кои настапија со дел од својат богат музички репертоар, информираше Цековска.

    Додаде дека сите учесници со нивните ментори добија благодарници.

    Следната активност по повод месецот на книгата како што информираа од пехчевската библиотека ќе се реализира со дечињата од градинката „7 Септември”.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...