10.2 C
Pehčevo

    Словенци ќе развиваат ловен туризам во Пехчево

    Датум:

    Словенци ќе го развиваат ловниот туризам во Пехчево. По добиената концесија за двете пехчевски ловишта,Сараево и Чифлик со површина од 20 илјади хетари, претставници на фирмата Hunting team, фирма која 12 години се занимава професионално со ловниот туризам, денеска најавија дека на ловиштата ќе понудат комплетен ловен производ.
    Веќе на ловиштата се вработени тројца ловочувари, по што ќе следува биотехнички работи на ловиштата.
    Инаку, Пехчево очекува дека со најавените инвстиции, изградбата на ловни домови, електронското следење на дивечот и другите активности, ќе заживее ловниот туризам во овој дел од Малешевијата.
    Ловиштата Сараево и Чифлик 7 години беа без концесионери. По електронската аукција, стана јасно дека напорите на пехчевското ЛД „Буковиќ“ за да ги добијат концесиите биле залудни. Неофицијално,Словенците им ги зедоа ловиштата за 100 илјади, односно 20 илјади евра. Па, пехчевските ловџии, ја очекуваат првата средба со новите концесионери за да ги видат условите за соработка. Според најавите, ловиштата ќе бидат подготвени за стартот на ловната сезона на 11 октомври.

    – See more at: http://televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/2013-12-12-17-54-11/item/1727-slovenci-kje-razvivaat-loven-turizam-vo-pehchevo#sthash.OvS42wkO.2eb2rkVn.dpuf

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...