Започна реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од улицата „Јулија Веселинска“ – влезот во Пехчево од правец на Делчево
Општина Пехчево започна со реализација на проектот за реконструкција и рехабилитација на дел од улицата „Јулија Веселинска“, која претставува главен влез во градот од правец на Делчево.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија и има за цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и обезбедување поквалитетни услови за движење на граѓаните и посетителите на Пехчево.
Со реконструкцијата ќе се обнови коловозната конструкција, со што значително ќе се подобри функционалноста и изгледот на една од најфреквентните сообраќајници во општината. Оваа инвестиција претставува дел од заложбите за модернизација на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за живот на сите жители.
Од Општина Пехчево упатуваат апел до граѓаните за разбирање и почитување на времената сообраќајна сигнализација за време на изведбата на градежните работи, со цел нивно безбедно и непречено одвивање.
Општина Пехчево продолжува со реализација на проекти кои придонесуваат за рамномерен локален развој, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за своите граѓани.

