11.6 C
Pehčevo

    Промоција на монографијата „Бунтовна младост“ од авторот Иван Станоев

    Датум:

    По повод одбележувањето на Денот на победата над Фашизмот и Денот на Европа, како и 72-годишнина од загинувањето на првоборецот Ванчо Китанов денеска во ООУ кое го носи неговото име во Пехчево, се одржа промоција на монографијата „Бунтовна младост“ од авторот Иван Станоев.

    Книгата е посветена на првоборците и народни херои Герас Цунев, Ванчо Китанов и Сандо Масев, кои, своите млади животи ги положија во борбата против Фашистите во Народно Ослободителната Борба пред седумдесет и две години.

    За монографскиот труд на роднокрајниот хроничар и доајен на македонското новинарство – Иван Станоев говореа промоторите Јелица и Атанас Николовски.

    По повод одбележувањето на Денот на победата над Фашизмот и Денот на Европа, како и 72-годишнина од загинувањето на првоборецот Ванчо Китанов денеска во ООУ кое го носи неговото име во Пехчево, се одржа промоција на монографијата „Бунтовна младост“ од авторот Иван Станоев.

    На овој културен настан градоначалникот на Пехчево Игор Поповски со одбрани зборови ги поздрави учесниците и на гостите им го честиташе денешниот празник и авторскиот потфат на Иван Станоев.

    – Светлите примери на борците за слобода треба и мора да се негуваат кај сите генерации, а посебно кај училишната и студентската популација. Посебна чест и задоволство ми причинува моментот и местото на промоцијата, од причина што токму ова училиште е единственото во Македонија кое го носи името на македонскиот првоборец и антифашист од Пехчево Ванчо Китанов, изјави авторот на монографијата „Бунтовна младост“ Иван Станоев.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...