0.6 C
Pehčevo

    Проект за подобрување на општинските услуги под – проект за ,, Изградба на улици во село Робово и село Панчарево ’’ – општина Пехчево

    Датум:

     

    пдфПроект за подобрување на општинските услуги – под – проект за ,, Изградба на улици во село Робово и село Панчарево ’’ – општина Пехчево

    Општина Пехчево ги известува граѓаните на општината дека согласно на Договорот за под-заем бр. МСИП/34 со Министерството за финансии на Република Македонија преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2), финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот “Изградба на улици во село Робово и село Панчарево”.

    Имплементацијата на проектот е предвидено да трае 4 месеци.

    Проектот предвидува изградба на 2 улици во село Панчарево со вкупна должина од 859 метри со коловозна конструкција од тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки, додека пак во село Робово предвидена е изградба на улица со вкупна должина од 253 метри која ќе вклучува тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки како и санација на постоечкиот мост.

    Вкупната вредност на проектот изнесува 7.705.258,00 МКД.

    Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот документ или пак директно може да го  контактирате  лицето Љупчо Каракашовски – Советник за локален економски развој на телефон 033 441 321 лок. 14 и 075 467 503.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...