10.9 C
Pehčevo

    Презентирани резултатите од буџетскиот форумски процес во општина Пехчево

    Датум:

    Шеста сесија

    Во Пехчево денеска се одржа шестата и последна сесија од буџетските форуми, каде по теркот на граѓаните за реализација по приоритети, беа ставени проекти во вредност од околу 79 милиони денари. Прв приоритет за граѓаните е изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за што се предвидени 30 милиони денари.

    Градоначалникот Игор Поповски истакна дека во процесот на одлучување биле селектирани 40 предлози, но во буџетот се инкорпорирани 27.

    -Останува наша обврска да ги реализираме приоритетите на граѓаните, да ја подготвиме техничката документација, но и да аплицираме на најразлични национални повици со цел да обезбедиме средства. Оваа форма на соработка со граѓаните е од голема помош и за нас како општина, бидејќи веќе ги имаме нивните приоритети, а тоа значи дека со добра организација и планирање на седствата , верувам , дека ќе ги реализираме, рече Поповски.

    Во Пехчево денеска се одржа шестата и последна сесија од буџетските форуми, каде по теркот на граѓаните за реализација по приоритети, беа ставени проекти во вредност од околу 79 милиони денари.

    Елизабета Цветковска модератор на фирумот е задоволна од целиот процес на одлучување.

    – Резултатите се во таа насока дека граѓаните воспоставија една солидна соработка со општината и создадоа една граѓанска платформа и, на некој начин, си ги ставија проблемите на хартија и заедно во наредниот период, во соработка со градоначалникот и општинската админситрација ќе работат на аплицирање на проекти, на барање логистика за решавање на заедничките проблеми и, на некој начин, сето она што не можеше да се вклучи во буџетот заедно ќе продолжат да работат да бараат други механизми и да бараат донатори за решавање , рече Цветковска.

    Реконструкција на патот за Чифлик, Умлена и Робово во должина од 4 км е приоритет на граѓаните на Пехчево за реализација во наредната 2017 година. Освен ова, на буџетскиот форум , како приоритети за пехчевци е и регулација на реката Писа по целото течение на градот, улично осветлување и шеталиште на улицата „Јулија Веселинова“, доизрадба и мост на улицата „22 Декември“ и изградба на пешачки улици во Пехчево, а во селските средини се бараат улици, во село Црник подобрување на квалитетот на водата, во Пехчево улици и тој проект е веќе почнат. Исто така се бара изградба на градски базен, градска капела, сѐ се тоа проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот во општината.

    Шеста сесија-На крајот на сесијата, градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, уште еднаш им се заблагодари на граѓаните за нивниот придонес во изготвувањето на буџетот за 2017 година и изјави дека форумскиот модел ќе биде користен и во иднина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...