10.9 C
Pehčevo

    Презентирани приоритетните проекти за 2016 година во Пехчево. Најголемото вложување е планирано во подобрување на патната инфрастуктура во градот

    Датум:

    Во 2016 година туристичкиот локалитет Равна Река ќе добие електрична енергија. Ова го најави градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, презентирајќи ги приоритетните проекти за наредната година. Електрификацијата чини 600 илјади евра, а средствата се обезбедени од ЕВН Македонија.

    – Електрификацијата на Равна Река е еден од нашите приоритети. Многу пати сме потенцирале дека економскиот развој на Пехчево го гледаме во развојот на туризмот како стопанска гранка, бидејќи овој дел од Малешевијата изобилува со многу природни раритети, како што се водопадите на изворите на Брегалница кои се наоѓаат во близината на овој локалитет. Овде имаме околу 300 плацеви за викендички и хотели, кои веќе се продаваат на јавна лицитација, рече Поповски.

    Тој потенцира дека освен електрификацијата на Равна Река, наредната година ќе се гради и канализација во населбата за што се обезбедени средства во висина од 250 илјади евра од Министерство за транспорт и врски. Планирано е и да се доуреди локалитетот „Езерце“, кое е потенцијално излетничко место во Пехчево.

    Во приоритетите на Пехчево за наредната 2016 година е и изградба и реконструкција на патната инфарструктура во градот во должина од 3,5 километри за што се предвидени средства во износ од 500 илјади евра.

    – Во моментов, избраната проектантска куќа интензивно работи на подготовка на планско-техничка документација за повеќе проекти. Најголемо вложување е планирано во подобрување на патната инфраструктура. Владата преку Минситерството за финансии одобри околу 260 илјади евра за целосна реконструкција на неколку улици во градот во должина од 3,5 километри, додека преку проект од Светската банка обезбедени се плус 12 милиони денари за изградба на тротоар на улицата „Истра“, трпезарија во детската градинка „7 Септември“, ќе се реконструира и покривот во Домот во селото Панчарево, а ќе се обезбеди и хлорант за прочистување на водата за пиење во село Црник, рече Поповски.

    Поповски најави и изградба на таложник за вода за пиење пред филтер-станицата во Пехчево, а во тек е и изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во село Црник.

    – Овие проекти се од голема важност за да се подобри локалната водоводна инфраструктура во Пехчево и населените места и да се реши горливиот проблем во село Црник, рече Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...