10.2 C
Pehčevo

    Претставници на Организацијата на жени на Пехчево во посета на градоначалникот Поповски

    Датум:

    По повод 25 Ноември „ Меѓународен ден за борба против насилство врз жените“ делегација на Организацијата на жените на Пехчево (ОЖП) предводена од Претседателот на здружението Нада Симовска го посети Градоначалникот на општина Пехчево Г-дин Игор Поповски, со што започна со своите активности за одбележување на "16 дена борба против семејното насилство".

    По повод 25 Ноември„ Меѓународен ден за борба против насилство врз жените“ делегација на Организацијата на жените на Пехчево (ОЖП) предводена од Претседателот на здружението Нада Симовска го посети Градоначалникот на општина Пехчево Г-дин Игор Поповски, со што започна со своите активности за одбележување на “16 дена борба против семејното насилство”. Целта на посетата беше запознавање со активностите за спроведување на кампањата  ПОТПИШУВАМ – водена од Националниот совет за родова рамноправност спроведена во рамки на проектот „ Со заеднички напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“., во кој што проект Организацијата на жените на Пехчево е локален партнер.

    Целта на овој проект е придонес во воспоставување на сеопфатни законски решенија и политика за заштита на жените од насилството на Западен Балкан, како услов за достигнување на демократија, исполнување на човековите права, социјално вклучување и ускладување на европските стандарди, односно ратификување на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството над жените и домашното насилство. Проектот е финансиран од Европската унија во рамките на ИПА програмата и истиот трае 24 месеци.

    Официјалниот линк на проектот можете да го видите ТУКА стрелка

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...