-2 C
Pehčevo

    Прес-конференција – 2015 година е година за реализација на крупни проекти во општина Пехчево

    Датум:

    Во кусото обраќање посветено на актуелните проекти завршени непосредно со крајот на минатата година како и на текот на реализацијата на проектите во претстојнава година, градоначалникот Игор Поповски на средбата со новинарите најави дека сака да го поттикне и анимира вниманието на граѓаните за овие проекти бидејќи нивната реализација треба да влијае врз подобрувањето на квалитетот на животот во општината.

    Во кусото обраќање посветено на актуелните проекти завршени непосредно со крајот на минатата година како и на текот на реализацијата на проектите во претстојнава година, градоначалникот Игор Поповски на средбата со новинарите најави дека сака да го поттикне и анимира вниманието на граѓаните за овие проекти бидејќи нивната реализација треба да влијае врз подобрувањето на квалитетот на животот во општината.
    Поповски на почетокот даде осврт на реализираните проекти од почетокот на неговиот мандат и ги посочи проектите кои се реализирани.
    Се обврзавме да го спроведеме ветеното, да го промениме ликот на локалната политика. Најголем дел од ветвањата ги реализиравме досега, како што реализиравме и проекти што не беа предвидени во програмата, а тоа го покажува и програмата од локалните избори, од кој јасно се гледа дека се што беше во изборната програма е 90 % проценти реализирано или започнато.
    Во изминатиот период покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време.
    Дел од неколкуте завршени проекти се изградбата на градскиот плоштад во Пехчево, доизградба и реконструкција на патот во туристичката населба Равна река, изградбата и рехабилитацијата на локалниот пат кон селото Робово и кон село Негрево, изградивме улици во селата, Чифлик Негрево,Умлена, 2 улици во Панчарево и с.Робово,а извршивме и реконструкција на пешачките патеки и мостови на туристичката населба Равна река. Градевме канализација во индустриската зона Подуово, колекторски систем во с. Чифлик, канализација во село Робово, доизградба на канализација во с. Црник, се грижиме и за чиста и здрава вода за пиење, извршивме докомплетирање на филтер станицата во Пехчево изградивме резервоар во с.Панчарево, а го реконструиравме резервоарот во с. Спиково. Извршивме и реконструкција и на училиштата, Умлена изградени се нови тоалети, Панчарево извршивме реконструкција на училниците, додека во рамки на ОЈУДГ „7-ми Септември“ Пехчево започна функционирањето на детски јасли, изградивме и ново мултинаменско игралиште.Сите јавни објекти се опфатени со проектот за енергетска ефикасност, истакна градоначалникот Поповски.
    На прес-конференцијата Поповски ги посочи и дел од проектите кои се планирани за оваа година.
    -Ќе продолжиме со исто темпо. 2015та година, треба да донесе задоволство за жителите од општината. Силно сме посветени на изработка на техничка, односно проектна документација која треба да биде основа во преземањето на следните чекори за реализација.
    Во моментов, избраната проектантска куќа интензивно работи на подготовка на планско – техничка документација за повеќе проекти, а за дел од нив имаме веќе изготвено.
    Најголемото вложување во подобрувањето на локалната патната инфраструктура треба да се случи во градот Пехчево. Предвидено е асфалтирање на повеќето улици во Пехчево, изградба и рехабилитација на улици на дел од селските населби.
    Најголемата инвестиција за 2015 година, која ќе донесе задоволство на жителите на општината е изградбата на комуналната инфраструктура и електрификација на туристичката населба Равна река. Ќе го уредиме и илетничкото место ,, Езерце “, а ќе изградиме и едукативен еко-центар за зачувување на природата во село Негрево, што овие инвестиции се дел од нашиот долгорочен план како основен предуслов за заживување на локалниот туризам. Општината ќе има засилени активности и во областа водоснабдителната и канализациона инфраструктура со планирани зафати.
    На крајот, запрашан какви се неговите прогнози за реално исполнување на оваа најава на нови проекти, градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски, на денешната прес конференција рече:
    – Многу сум внимателен кога пред граѓаните давам јавно ветување бидејќи честопати се случува, некои работи да не зависат од нас, па да испадне дека градоначалникот лаже.Стојам зад реченото дека и покрај наследените и тековни проблеми сум човек со голема верба, надеж, упореност, издржливост, транспарентност во работата што мислам дека се човечки карактерни особини неопходни на патот до целта.Очекувам да ги исполниме повеќето ветувања што ги дадовме пред граѓаните, а ако тоа го направиме, сигурно дека нешто и ќе промениме во перцепцијата односно видувањата за Пехчево и за квалитетот на живеење на нашите граѓани.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...