Tипска населба согласно владиниот проект „Купи куќа купи стан“ ќе се гради во Пехчево.
Општината планира да подготви 100 плацови, а во моментов се разгледуваат три локации кои се со површина од пет хектари.
Откако ќе одлучиме каде ќе ја градиме населбата, ќе изработиме ДУП и со поддршка на Владата ќе ја изградиме комплетната инфраструктура, истакна градоначалникот Игор Поповски.
Според него, огласот за плацовите ќе оди јавно и ќе можат и други заинтересирани граѓани да купат, но младите што ќе одлучат овде да градат куќа ќе ги користат бенефициите што ги дава проектот.
-Тоа е уште една причина да ги задржиме младите во родното место, рече Поповски.
Целта на проектот е младите парови да добијат евтина локација и ниски комуналии. Цената на комуналиите за овие населби е две евра/квадрат, а почетната цена за земјиштето едно евро.