7.1 C
Pehčevo

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Датум:

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина за Пехчево
    Градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански, оствари значајна работна посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија – водечки европски и светски производител на противпожарни возила и опрема.
    За време на посетата беа презентирани најновите технологии и иновации во областа на противпожарната заштита, како и потенцијалите за идната соработка и набавка на современа опрема и противпожарно возило наменети за Доброволното противпожарно друштво – Пехчево.
    Градоначалникот Китански ја нагласи клучната важност на вложувањето во безбедносната инфраструктура, како и обезбедувањето на модерни средства за интервенција – со цел ефикасна, навремена и професионална заштита на животите и имотот на граѓаните.
    Голема благодарност до тимот на Росенбауер Словенија за топлиот прием, одличната организација и деталната презентација на нивната напредна опрема.
    Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...