14.8 C
Pehčevo

    Покана за учество на втората Форумска сесија од Програмата Форуми во заедницата-Буџетски форум

    Датум:

    Буџетски форум - ПлакатПочитувани,

    На 31-ви октомври, (понеделник) 2016 година , со почеток во 12 часот, во Хотел  “ГОГОВ” Пехчево , ќе се одржи втората сесија од буџетски форум, во организација на Општина Пехчево со цел креирање на буџетот на општината за 2017 година.

    Почнувајќи од 10-ти Октомври заклучно со Декември, ќе се одржат 5 форумски сесии, со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2017 година заедно со граѓаните.

    Накратко кажано креирање на буџет по мерка на граѓаните!

    Буџетскиот форум е форма преку која граѓаните, општинската администрација, бизнис заедницата, граѓанското општество и воопшто сите чинители на општествениот живот во општината на систематизиран начин го креираат општинскиот буџет согласно на потребите на заедницата.

    Го покануваме сите заинтересирани граѓани кои имаат можност да дојдат и бидат дел во креирањето на буџетот за 2017 година, согласно нивните потреби и приоритети.

    Дневен ред

    на втората форумска сесија

    12:00 – 12:15 Добредојде на присутните

    Дневен Ред

    Цели на II Форумска Сесија

     

    12:15 – 12:25 Усвојување на записникот од I Форумска Сесија

     

    12:25–12:35 Приоритети за развој на Општина Пехчево за 2017 година

    Презентација на предлозите од Општина Пехчево ,

    Дискусија и прашања

     

    12:35–13:00 Преглед на планирани/реализирани приходи на Општина Пехчево за 2016 година до 30.09.2016 година

    Презентација и дискусија

     

    13:00 – 13:15 Пауза

     

    13:15–13:40 Проекција на приходи на Општина Пехчево за 2017 година

    Презентација, дискусија и предлози од граѓаните за можности за зголемување на приходи на Општина Пехчево

     

    13:40 – 14:00 Презентација на планирани расходи по буџетски програми и избор на програми за дискусии на следните сесии

     

    14:00–14:30

     

     

     

     

    14:30–

    Утврдување на следни чекори,

    Инструкции за работната група за приходите ,

    Информација за термин за III Форумска Сесија

    Оценка на форумската сесија

     

    Коктел

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...