7.5 C
Pehčevo

    Покана за прес-конференција – Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2016

    Датум:

                                  Грб општина Фестивал лого

    До: Медиуми

    Предмет: Покана на прес-конференција

    Почитивани,

    Општина Пехчево по шести пат го организира единствениот фестивал во земјава посветен на дувачките оркестри, „Фестивал на дувачки оркестри-Пехчево 2016“. По повод почетокот на фестивалот 13 јули, Општина Пехчево организира прес-конференција за медиумите со цел поблиску да ја запознаеме јавноста со годинешното издание на фестивалот кој ќе трае од 13 до 16 јули.
    На прес-конференцијата, покрај градоначланикот на Општина Пехчево, Игор Поповски и организаторите на фестивалот, ќе присуствуваат претседателот на жири-комисијата врвен експерт од оваа област, професорот по музичка академија Васил Ристов. Средбата со новинарите ќе се одржи во просториите на Општина Пехчево, во понеделник 11.07.2016г. во 12 часот, а почетокот на фестивалот е на 13 јули во 20 часот на градскиот плоштад Св.Петар и Павле.

    Во прилог ја доставуваме агендата на „Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2016“.

     

    А Г Е Н Д А

    Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2016

    13.07.2016 г.

    12:00 – Отварање на Етно саемот – „Пехчевски Павловден“

    12:15 – Културно уметничкото друштво „Јане Сандански“ – Пехчево

    12:30 – Културно уметничко друштво „Искрици“ – Благоевград – Република Бугарија

    13:00 – Култрурно уметничко друштво „Љупчо Сантов“ – с. Оризари – Кочани

    13:30 – Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани

    14:00 – Црковен ручек – Црква Св.Петар и Павле

    14:00 – Културно уметничкото друштво „Димитар Беровски“ – Берово

    14:30 – Културно уметничко друштво „Гоце Делчев“ – Делчево и „Тернипе“ – Делчево

    15:00 – „Копачка“ – Делчево

    15:30 – Културно уметничко друштво – Куманово

    16:00 – Културно уметничко друштво „Јане Сандански“ – Пехчево

    16:30 – Настап на г-дин Спиро Трајановски – с. Панчарево – Пехчево

    16:40 – Настап на г-дин Тимко Трајановски – с. Панчарево – Пехчево

    16:50 – Пеачка група од село Русиново – Берово

    17:00 – Настап на музичката група на г-дин Михаил Шоповски – Пехчево

    17:30 – Настап на г-ѓа Марија Димкова

    18:00 – Пензионерски хор – Пехчево

    18:20 – Културно уметничко друштво „Јане Сандански“ – Пехчево

    19:30 – Дефиле на мажоретниот состав и дувачкиот оркестар од Ловеч – Република Бугарија

    19:45 – Офицјално отварање на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2016 година

    20:00 – Мажоретниот состав и дувачкиот оркестар од Ловеч – Република Бугарија

    21:30 – Дувачки оркестар Бојан Ристич Brass Band

    23:30 – Миле Кузмановски – концерт

    01:30 Dj Doomloaf

    02:00 – Dj Marga de sol + Dj Mats

    14.07.2016 г.

    19:30 – Општинска установа детска градинка „7 Септември“ – Пехчево

    • Бранкица Јовевска – „Македонска песна“
    • Матеј Стаменковски – „По друм одам мајче“, „Сношти сакав да ти дојдам“
    • Димитар Карбински – „Билјана платно белеше“, „Јовано Јованке“
    • Величка Живановска – „Во Струмица на улица“, „Мајка на Марика думаше“
    • Филип Крамарски – „Усни на усни“, „Громови на душа“
    • Живка Живановска – „Долга ноќ“
    • Дует Филип Крамарски и Живка Живановска – „Љубов“
    • Маја Пандова – „La valse d, Amelie
    • Маја Пандова – „Соба за тага“
    • Дует Евгенија и Маја Пандова – „Drag me doen – one direction
    • Маја Пандова – Bruno mars – When I was your man
    • Дует Маринела Секуловска и Мартин поповски – Fraje – Ich libe dich

    20:30 – Дувачки оркестар Златне усте од Америка                   

    21:00 Натпреварувачки дел

    00:00 –  Силви Бенд – концерт

    02:00 –  Dj Marek – Република Бугарија

    15.07.2016 г.

    20:00 Ревијален настап на победникот на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2016

    20:45 – Група Табиет – Свети Николе

    22:30 – Концерт на Дувачкиот оркестар „Уска – Кан“ – Берово

    00:00 – Бугарската Поп-фолк дива Рајна – концерт

    02:00 – Dj Brass brothers

    16.07.2016 г.

    08:00 – Петровденски планинарски марш ,, Буковик“

    20:00 Кико Бенд – Пехчево

    21:00 Концерт на дувачкиот оркестар „Џамбо Агушеви“ – Струмица

    23:00 Саша Ковачевиќ – концерт

    01:00 – Dj IKE DE KOKA + LASER HARP

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...