5.5 C
Pehčevo

    Покана за манифестацијата „Априлијада 2017“

    Датум:

    Априлијада 2017Почитувани родители,

    Во организација на општина Пехчево, а во соработка со детската градинка ,,7 Септември’’ и ООУ„Ванчо Китанов“  по повод денот на шегата 1 Април (сабота) за најмладите ученици, со најразлични активности, ќе се одржи традиционалната Априлијада.

    Детскиот џагор, смеата, музиката, песничките и игрите и оваа година ќе го исполнат Плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Забавата ќе започне во 11 часот. За забавата на принцезите, вештерките, штрумфовите, супермените и бетмените ќе се погрижат познати кловнови.

    Затоа почитувани родители, баби и дедовци, маскирајте ги своите дечиња, внучиња, во нивните омилени маски и донесете ги да уживаат во убавите моменти и изненадувањата кои ги очекуваат, за да го доживеат овој ден онака како што тие тоа го заслужуваат.

    Со почит,

    Општина Пехчево

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...