-2.3 C
Pehčevo

    Покана за информативна сесија за можностите за обука и активација на пазарот на труд во општина Пехчево

    Датум:

    Се  известуваат граѓаните на општина Пехчево дека врз основа на објавениот Јавен оглас до евидентираните невработени лица во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година,  Мерка 3.3: Обуки за побарувани занимања, општина Пехчево во партнерство со Биро за вработување Берово, канцеларија Пехчево, огранизира информативна сесија за невработените лица од територијата на општина Пехчево.

    Имено, во контекст на подобра информираност на невработените лица од општина Пехчево и максимално искористување на можностите за обука и подобрување на капацитетите на невработените лица и нивно активно учество на локалниот пазар на труд, Општина Пехчево и Бирото за вработување ги покануваат сите евидентирани невработени лица на информативна сесија која ќе се оддржи на 18.03.2019 год. (понеделник) во просториите на Домот на култура “Јане Сандански” Пехчево со почеток во 10:00 часот.

     Обуките кои се предмет на Јавниот оглас ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и истите ќе се реализираат во период од 3 месеци а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец.

    Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

    Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.

    На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраењето на обуката не ги губат стекнатите права.

    Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати и спроведувачи на обука.

    Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.

    Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот до 20.03.2019 година.

    Детални информации за Оперативниот план може да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб страните www.av.gov.mk и www.mtsp.gov.mk.

    Со почит,                                                                                                                    Општина Пехчево

    Градоначалник

    Драган Тренчовски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...