8.7 C
Pehčevo

    Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето на градот

    Датум:

    7Септември почетна

    Со низа пригодни свечености Пехчево денеска ја одбележа 72-годишнината од ослободувањето на градот и 20 години од создавањето на Општина Пехчево како посебна административна целина.

    7Септември.... 7Септември...

    Одбележувањето на овоие историски датуми од поновата историја на оваа мала малешевска општина започна со положување свежо цвеќе пред споменикот на борецот од НОБ од Пехчево, Ванчо Китанов, при што пред споменикот се поклонија делегација од Општина Пехчево, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани.

    7Септември..На свечената Седница на Советот, пред присутните се обрати претседателот на Советот Стојче Стефановски, кој меѓу другото се задржа на историските прилики кои водеа до ослободувањето,  но зборуваше за развојот на Пехчево од ослободувањето, па сѐ до денес, се читаше и песна за нашиот град насловена „Те сакам Пехчево“ од поетесата Габриела Костадинова, а сцената ја разубавија и децата од детската градинка „7 Септември“ со изведба на песни и ора.

    Во рамките на Седницата беа потенцирани реализираните проекти за период од една година. При што беше истакнато дека Општина Пехчево во овој период има реализирано 70-ина проекти со поддршка на Владата, донатори, преку ИПА програмата и со средства од буџетот на Општината.

    Живко Каликов, соработник за односи со јавноста од Општина Пехчево истакна дека со проектите се опфатени сите селски населби, како и градот Пехчево.

    -Во оваа прилика ќе потенцирам дека во селата Робово, Чифлик, Умлена, Негрево, Црник, Панчарево, се работеше на низа инфратсруктурни проекти со кои ќе се олесни животот на жителите во овие рурални подрачја. На пр. меѓу другите проекти во Робово е извршена реконструкција на канализациониот систем која чинеше 50 илјади швајцарски франци. Во селото Чифлик е изграден колекторски систем со вредност од 10 милиони денари. Во Умлена е изградена улица во должина од 400 метри која чинаеше 1, 2 милиони денар. Во Негрево во тек е и реализација на проектот ,,Воспоставување на Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во с. Негрево“, вреден 200 илјади швајцарски франци, рече Каликов.

    Тој додаде дека дел од проектите во Пехчево, освен подобрување на инфраструктура, треба да донесат и нови инвестиции во стопанството.

    – За мало стопанство или индустриската зона Чуката, донесен е нов детален урбанистички план, а заврши и изградбата на канализација и поставена е пречистителна станица и завршена е  продажбата на парцели, донесен е и нов детален урбанистички план на туристичката населба Равна река на која е предвидено продажба на 300 градежни парцели, а во фаза на реализација е и електрификацијата на Туристичката населба Равна река, рече Каликов.

                  7Септември. 7Септември......

                  7Септември........ 7Септември..........

    На свечената Седница на Советот беа доделени благодарници и признанија на граѓани институции кои дале посебен придонес за развојот на Општина Пехчево и тоа:

    • најзаслужен граѓанин за општина Пехчево на г-дин Кирил Гогов
    • повеќедецениско залагање за развојот на Пехчево на г-дин Благој Гугушевски
    • за развој на литературата и творечката дејност во Општина Пехчево на г-ѓа Габриела Костадинова
    • за голем придонес за промоција на Пехчево на Пензионерскиот хор при Здружението на пензионери – Пехчево
    • за развој на културата во Пехчево и успешно организирање на Фестивалот на дувачки оркестри на Невладиното здружение „МЛАДИ ВО ДВИЖЕЊЕ“ – Пехчево
    • за заслужен граѓанин за промоција и развој на планинарскиот туризам во Општина Пехчево на г-дин Марјан Митриновски
    • Диплома за најдобар ученик во деветто одделение за 2015 – 2016 година во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево на Евгенија Пандова

    За во 18:30 часот во Домот на културата „Јане Сандански“ е планирано да се изведе театарска претстава ,, „Женско царство“, текст: Столе Костов, режија: Шенка Колозова, глумци: Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселичка, Марија Новак.

    Инаку, во одбележување на двата празника се вклучија и угостителските објекти кои своето работно време вечерва на согласност на Владата на Република Македонија го продолжуваат за два часа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...