-0.2 C
Pehčevo

    Основана Локална акциона група „Малеш – Пијанец“

    Датум:

    ЛАГ П

    Вчера во Делчево се одржа основачко Собрание на Локалната акциона група „Малеш – Пијанец“ која е формирана од општините Пехчево, Берово и Делчево, НВО секторот и бизнис секторот од регионот. Основачкото собрание во Делчево е почеток на регистрацијата на ЛАГ и е согласно со Лидер пристапот за подршка на руралниот развој кој се имплементира во земјите на ЕУ и Македонија како земја кандидат на ЕУ.

    Основањето на оваа Локална акциона група треба да придонесе кон нов пристап за развој на овие три општини, со што ќе се зголемат можностите за добивање на поголеми финансиски средства  за имплементација на проекти.

    -Развојот на територијата на руралните заедници е согласно со принципот одоздола нагоре. Значи врз основа на реалните потреби и приоритетите искажани од сите засегнати страни на локално ниво се креираат политиките за развој и се имплементираат. Во изминатите две години засегнатите страни од микро регионот работеше на подготовка на стратегија за рурален развој во кој се дефинирани проиоитети за следниот период, мерки и насоки – истакна Јасминка Пашалиска-Андоновска- „Амброзија“ – Пехчево.

    Инаку, следна фаза е регистрација на ЛАГ-от „Пијанец – Малеш“ и негово впишување во регистерот на МЗШВ.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...