-2.6 C
Pehčevo

    Општина Пехчево започна со инсталирање на фотоволтаични системи на три јавни општински објекти

    Датум:

    Фотоволтаични системи1

    Општинското основно училиште „Ванчо Китанов“, детската градинка „7 Септември“ и спортската сала „Јане Сандански“ се јавните објекти на кои во Пехчево ќе бидат поставени фотоволтаични системи согласно Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската Унија.

    Фотоволтаични системи

    Градоначалникот Тренчовски , потенцираше дека директно ќе се намалат трошоците и ќе се направи заштеда на електрична енергија.

    -Со инсталацијата на овие фотоволтаични системи или вкупно 168 панели во трите јавни објекти во општината ќе се направат значајни заштеди на електричната енергија, со што директно ќе се намалат трошоците на општината, а едновремено со овој проект и ќе се зголеми и бројот на коритени обновливи извори на енергија согласно стратешките напори на Владата и општината за заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на Општина Пехчево, истакна Тренчовски.

    Фотоволтаични системи2

    Инаку, за оваа намена Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги има на располагање грант од 2 милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската Унија.

    Фотоволтаични системи за јавни објекти ќе добијат 36 општини од четири региони во државата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...