8.1 C
Pehčevo

    Општина Пехчево доби 460.974 илјади евра од ЕУ ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Бугарија

    Датум:

    Општина Пехчево доби уште еден проект финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија. Проектот е во висина од 460 974 евра, а ќе се реализира од првиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија.Општина Пехчево доби уште еден проект финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија. Проектот е во висина од 460 974 евра, а ќе се реализира од првиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија. Станува збор за проектот „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата – Фолклор“. Целта на проектот од Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија – 2.1 е подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство.

    Проектот опфаќа:

    • Изграден инфо центар во Општина Пехчево;
    • Набавена монтажна бина и опрема за одржување на фестивали и други настани во општина Пехчево;
    • Реконструиран плоштад во с. Брезница, општина Гоце Делчев;
    • Создадени услови за одржување на фестивали и други настани;
    • Дефинирани насоки за развој на руралниот туризам во општина Пехчево- подготвена студија за развој на руралниот туризам во општина Пехчево;
    • Обучени 30 луѓе за рурален развој ;
    • Воспоставен заеднички фестивал и одржани два фестивали;
    • Презентирани се музичките и фолклорните традиции на општина Гоце Делчев на фестивалот во Пехчево;
    • Подготвен промотивен материјал;
    • Создадена мрежа на заинтересирани страни во областа на културата, туризмот и традицијата во пограничниот регион;
    • Креиран заеднички web портал.

    Носител на проектот е Општина Пехчево, а партнер во проектот е Општина Брезница, Република Бугарија, проектот ќе биде финансиран од Оска 2.1 Подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство.

    Во следните месеци претстои потпишувањето на договорите за финансирање и почеток на имплементација на одобрените проекти за финансирање кои ќе придонесат со своите активности за подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, поддршка на развојот на туризмот и подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...