-4.9 C
Pehčevo

    Општина Пехчево добар пример за решавање на приоритетите на граѓаните

    Датум:

    Амбасадор УНДПОпштина Пехчево добар пример за имплементација на проектот од УНДП за општинско-корисната работа и негово ставање во функција на решавање на приоритетите на граѓаните. Во работна посета на проектот „Зајакнување на подршката на детската градинка „7 Септември“ за згрижување на децата од предшколска возраст “ во Пехчево беше Амбасадорот на УНДП и постојан преставник на ОН во Македонија, Лујза Винтон. Амбасадорката се увери со свои очи како се инкорпорираат овие проекти од социјалната сфера во Пехчево.

    -Многу сме задоволни од оваа ситуација и Пехчево треба да биде пример и за другите општини како со партнерски односи се решавата проблемите. Со изгрдабата на градинката добивме згрижување на децата, неколку нови вработувања и родители мирни на своите работни места, кажа Лујза Винтон, постојан претставник на ОН во РМ.

    Амбасадор УНДППехчево со поддршка на УНДП досега работела три иновативни проекти.

    Првиот се однесуваше на отворање на детски јасли во детската градинка 7 Септември, проектот стана самоодржлив и сега имаме целодневно згрижување на бебињата, истакна Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

    Во детската градинка во пехчевски Чифлик, дечињата од претшколска возраст имаат целодевна настава.

    Амбасадор УНДПНаша обврска е ова да го обезбедиме и во другите населени места, рече Поповски.

    За имплементација на проектот во детската градинка во селото Чифлик, само за реконструкција на зградата Општината и детската градинка од Пехчево „7 Септември“ инвестирале 500 илјади денари.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...