-0.6 C
Pehčevo

    ОГЛАС за продажба на недвижнa ствар со јавно наддавање

    Датум:

    Врз основа на член 5 став 1 и 31  од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (Службен весник на РМ бр. 8/2005, 150/07, 35/2011, 166/12 I 137/13), Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на Министерството за труд и социјална политика, објавува

     

    ОГЛАС

    за продажба на недвижнa ствар со јавно наддавање

     

       1. Општи одредби

     

         1.1 Предмет на наддавањето е недвижна ствар – објект во сопственост на Република Македонија, корисник Министерството за труд и социјална политика.

          1.2 Право на учество имаат сите деловно способни домашни и странски физички и правни лица.

         1.3 Постапката се спроведува со јавно наддавање, согласно одредбите со Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.

    2. Предмет на продажба

     

              2.1 Предмет на продажба е недвижна ствар – објект кој се наоѓа на КП.1132, ул. ,,Индустриска 2”, зграда бр.1 , влез 1 , ПР. со површина од 293 м2 и СУ. со површина од 142 м2, Катастарска општина Пехчево, запишана во Имотен лист бр. 2793.

     

    Почетната цена на наддавањето изнесува 2.024.224,16 денари.

    Висината на депозит изнесува 364.360,00денари.

     

     3. Доставување на документација

     

    3.1  Документ за регистрирана дејност за правното лице.

    3.2  Уверение за државјанство за физичките лица.

    3.3  Доказ за платен депозит во оригинал.

    3.4  Понудувачот треба да приложи писмено овластување за претставникот на  понудувачот за учество на јавното наддавање.

    3.5  Потребните документи за интересираните лица можат да ги достават во архивата на Министерството за труд и социјална политика најкасно 3 (три) дена пред соодветното јавно наддавање во затворен коверт на кој ќе биде назначен редниот број на објектот за кој се доставуваат документите.

     

    4.Начин и рокна доставување на документите

                                                             

    4.1  На јавното наддавање не може да учествува лице кое нема доставено комплетна документација.

    4.2  Јавното наддавање се спроведува на начин на кој понудувачите ја наддаваат почетната цена означена во огласот.

    4.3  За најповолен наддавач на јавното наддавање се смета наддавачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

    4.4  Кога на јавното наддавање за продажба на недвижности се јави само еден наддавач кој ги прифаќа условите од огласот и ја наддаде почетната цена, единствениот наддавач стекнува статус на најповолен наддавач, со кој се склучува договор за продажба на недвижни ствари.

    4.5  Висината на паричниот депозит што се уплаќа за учество на јавното отварање не може да биде помал од  20% од вредноста на недвижната ствар предмет на јавното наддавање, и истиот се уплаќа на  Депозитна сметка број 150010029969613, програма 10, приходно конто 731112 . Цел на дознаката Јавно наддавање за детско одморалиште реден број  2.1.

    4.6  Депозитот треба да се уплати најдоцна три дена пред рокот  предвиден за јавно наддавање.

    4.7  Начинот на плаќање на купопродажната цена  е во готово, еднократно (не е дозволено одложено плаќање).

    4.8  Рокот на плаќање на купопродажната цена  е 30 дена од денот на склучување на договор за купопродажба.

    4.9  Рок за склучување на договорот е 30 дена од денот на јавното наддавање.

    4.10       Единствен критериум за склучување на договорот за купопродажба е највисоката понудена цена од учесниците кои ги исполнуваат условите за учество во јавното наддавање за недвижната ствар- објект што е наведен во јавниот оглас

    4.11        Купувачот е должен објектот кој е предмет на продажба да го намени за регионален дом за стари лица

    4.12       Купувачот е должен регионалниот дом за стари лица да го реновира и да го пушти во употреба во рок од 24 месеци сметано од денот на примо предавање на објектот.

    4.13       Јавното наддавање ќе се одржи во  просториите на Министерството за труд и социјална политика на ул. „Даме Груев“ бр. 14, Сала за состаноци 6 катна ден 16.12.2013 година со почеток во 11.00 часот.

     

    4.14       Завршни одредби

     

    Документите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на огласот, како и оние кои немаат целокупна документација која се бара во огласот нема да учествуваат во  постапката за јавно наддавање.

    Сите информации во врска со јавното наддавање може да се добијат во Министерството за труд и социјална политика на телефон 02/3106-239, кај лицето за контакт Бранко Лазаревски.

     

    КОМИСИЈА ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО НЕДВИЖНИ И ДВИЖНИ СТВАРИ

    во Министерството за труд и социјална политика

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...