18.3 C
Pehčevo

    Одржана работилница на тема „Видови на билки и шумски плодови во Пехчево”

    Датум:

    Во Пехчево се одржа работилница на тема “Видови на билки и шумски плодови во Пехчево” која е дел од проектот “Пехчевци горди со водопадите и Равна Река “.

    “Видови на билки и шумски плодови во Пехчево” беше темата на работилницата која се одржа во Пехчево, која е дел од проектот “Пехчевци горди со водопадите и Равна Река “. Имплементатор на проектот е Организација на жени на Пехчево и истиот е дел од Програмата за зачувување на природата. Национален координатор на програмата е Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија и Фармахем – Скопје, и истата е финасирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Македонија.

    Во Пехчево се одржа работилница на тема “Видови на билки и шумски плодови во Пехчево” која е дел од проектот “Пехчевци горди со водопадите и Равна Река “.
    На настанот свои излагања имаа Координаторот на проектот Др-Нада Симовска, Претседател на Организација на жени на Пехчево која го претстави проектот и асистентот на проектот– Милица Дракалска претставник од Организација на жени на Пехчево која присутните ги запозна со расположливите видови на билки и шумски плодови во Пехчево и околината, со нивните својства, начин на собирање, третирање и сл.
    Инаку, проектот е со времетраење од 8 месеци, а вкупниот износ за негова имплементација е 490.800 денари и целата сума е обезбедена од Програмата за зачувување на природата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...