12.6 C
Pehčevo

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура, фотоволтаична централа

    Датум:

    Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), општина Пехчево, на ден 31.03.2021 година, донесе

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

    1. За планскиот документ ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура, фотоволтаична централа со капацитет до 1МW на КП 2322, 2323, 2324, 2325, 2326 и др., КО Негрово, Општина Пехчево, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
    2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Пехчево, www.pehcevo.gov.mk
    3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура, фотоволтаична централа со капацитет до 1МW на КП 2322, 2323, 2324, 2325, 2326 и др., КО Негрово, Општина Пехчево, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: намалување на емисиите во воздух, вклучувајќи намалени емисии на стакленички гасови и придонес кон ублажување на климатските промени, зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика, подобрување на услугите во производство и снабдување со електрична енергија, намалување на зависноста од увоз на струја, отварање на нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена за користење на обновливи извори на енергија е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој преку намалување на вкупните емисии во воздух од производство на електрична енергија на конвенционален начин. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна и функционална фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
    4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена пдф

    Пополнети формулари за неспроведување на стратегиска оцена пдф

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...