5.1 C
Pehčevo

    ОДЛУКА за избор на Директор на ЈКП “Комуналец” Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Република Македонија” бр.5/02), а во врска со член 19–а и член 23 од Законот за јавни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/96……39/16), Градоначалникот на Општина  Пехчево донесува:

     

    ОДЛУКА

    за избор на Директор на ЈКПКомуналец” Пехчево

     

    1. За директор на Јавното Комунално Претпријатие “Комуналец” Пехчево се избира кандидатот Борис Поповски од Пехчево.

                                                                               Образложение

                           Од страна на Општина Пехчево е распишан оглас за избор на директор на Јавното Комунално Претпријатие “Комуналец” Пехчево.  Градоначалникот формираше комисија за избор на директор по огласот распишан од општина Пехчево за директор на Јавното Комунално Претпријатие “Комуналец” Пехчево. По распишаниот оглас до Градоначалникот на општина Пехчево е пристигната пријава од кандидатот Борис Поповски од Пехчево. После разгледувањето на доставената документација од страна на комисијата до градоначалникот беа доставени записник од разгледувањето на пристигнатите пријави и предлог кандидати кои ги исполнуваат условите по распишаниот оглас. Градоначалникот после извршеното интервју со кандидатите кое се одржа на 12.02.2021 година ја донесе оваа одлука.

    Одлука за избор на Директор на ЈКП.„Комуналец“ – Пехчево пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 2-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Зимско одржување на патиштата

    Се известуваат граѓаните на општина Пехчево дека согласно на...

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Управен одбор во ЈКП...

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП „Комуналец“ Пехчево

    Јавен повик за член во Надзорен одбор во ЈКП...