-0.8 C
Pehčevo

    Одбележан 23 Април – светскиот ден на книгата и авторското право

    Датум:

    Денеска во просториите на Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ се одбележа 23 Април - светскиот ден на книгата и авторското право.

    Денеска во просториите на Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ се одбележа 23 Април – светскиот ден на книгата и авторското право.
    „Ви посакувам добредојдовте во нашето скромно, мало, но пријатно и топло книжевно катче наречено библиотека“ им се обрати директорката на библиотеката Габриела Костадинова на гостите и децата од градинката 7 ми Септември и ООУ„Ванчо Китанов“. Таа пред присутните даде еден осврт од кога во Македонија се слави и празнува овој ден, истакнувајќи дека во 1995г во Париз од страна на УНЕСКО била донесена одлука и во Македонија 23 Април да се прогласи како светски ден на книгата и авторското право. И веќе 20 години скоро во сите библиотеки во Македонија се прави чествување на книгата. Овој ден традиционално се одбележува со подарување на книги и со читање на пораки посветени на книгата. Беа прочитани пораките од Ирина Бокова-генерален директор на УНЕСКО и македонската порака од Луан Старова.

    Денеска во просториите на Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ се одбележа 23 Април - светскиот ден на книгата и авторското право.

    На крајот директорката им подари сликовници на дечињата од детската градинка 7ми Септември и на учениците од второ одделение при ООУ„Ванчо Китанов“- Пехчево. Но исто така книги добија и гостите кои беа присутни таму.
    Книга доби и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски кој исто така присуствуваше во библиотеката и беше дел од тој настан.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...