11.9 C
Pehčevo

    Наредната недела започнува изградбата на улиците 2 и 3 во село Црник

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, Д-р Александар Китански, денес изврши посета на терен во с.Црник и вовед во работа на избраниот изведувач Друштво за производство и градежништво СД –ТРАНС ДООЕЛ Славе извоз-увоз од с.Звегор, Делчево за практична имплементација на проектот за изведба на две локални улици во с.Црник.

    Општина Пехчево во рамки на Вториот Проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) – МСИП 2, имплементиран преку проектната единица во рамки на Министерството за финансии и како резултат на успешната реализација на проектот за изградба на локални улици во с.Робово и с.Умлена како и доградбата на трапезаријата при детската градинка во Пехчево доби грант средства во висина од 1.586.974,00 денари.

    Преку процесот на Урбана ревизија и рангирањето на населените места во општина Пехчево според квалитетот на живеење, консултациите со месното население за приоритетните потреби од патната инфраструктура и расположливата техничка документација за користење на доделените средства и имплементација беа избрани проектите за Изградба на Крак 1 од Ул. 2 и Ул. 3 во с.Црник, општина Пехчево.

    Вкупната вредност на двата проекти е 2.002.630,00 денари со вклучен ДДВ при што и општина Пехчево учествува со сопствени средства во вкупниот буџет на проектот.

    Рокот за изведба на предметните улици е 90 дена.

    Надзорот на изведбата на работите е доделена на фирмата НАСА КОМ доо Скопје.

    Преку овој проект општина Пехчево придонесува за подобрување на условите за живот во руралните населби.

     

    Канцеларија за ЛЕР, општина Пехчево

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...