4.7 C
Pehčevo

    Мојот данок, за мојата општина

    Датум:

    Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

    До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

     

    Општина Пехчево како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурситесе приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

    Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина!“има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

    Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

    Секој граѓанин-даночен обврзник треба да биде информирандека со навремено подмируваме на данокот на имот, сеполнидиректно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирањена планираните јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за подобрување на условите за живеење и развојот на општината.

    Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

    За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.facebook.com/SRMANorthMacedonia/videos/818379803237834и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот

    Download (PDF, 2.46MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...