18.3 C
Pehčevo

    Креативноста на најмладите нема крај

    Датум:

    По повод денот на пролетта, на 21 март со почеток во 12:00 часот во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево се одржа работилница на тема „Природата е најубава во пролет“.

    По повод денот на пролетта, на 21 март со почеток во 12:00 часот во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево се одржа работилница на тема „Природата е најубава во пролет“. Работилницата беше во склоп на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево “ чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт – Македонија, а истиот е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија.

    По повод денот на пролетта, на 21 март со почеток во 12:00 часот во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево се одржа работилница на тема „Природата е најубава во пролет“.
    На работилницата учествуваа учениците од прво до петто одделение, кои под менторство на своите наставнички покажаа дека на детската креативност и нема крај. Со своите вешти рачиња изработија прекрасни цртежи, творби, креации од тесто, оригами од хартија и на свој начин ги претставија убавините на пролетта.
    На работилницата, од страна на координаторот на проектот Ирена Кракутовска, учениците беа запознаени со проектот како и идните активности кои се поврзани со истиот. Дечињата си заминаа презадоволни со ветување дека со задоволство ќе учествуваат и во следните работилници.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...