9.8 C
Pehčevo

    Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

    Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица од општина Пехчево кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  „За инклузивна општина Пехчево 2020 – 2021”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

    • 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
    • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
    • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

    заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

    • 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
    • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
    • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

    статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лицаод општина Пехчево, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

    За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

    • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
    • млади лица до 29 години
    • лица постари од 50 години
    • лица корисници на гарантирана минимална помош
    • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
    • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
    • жртви на семејно насилство
    • лица со попреченост
    • жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници
    • лица припадници на ромската етничка заедница
    • лица на кои им е решен статусот со лична документација
    • самохрани родители
    • родители на деца со пречки во развојот
    • родители на 3 и повеќе деца
    • родители на деца на улица
    • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
    • бездомни лица
    • поранешни корисници на дрога
    • лица со незавршено средно или пониско образование

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

    1.ФАЦИЛИТАТОР ЗА ДЕЦА ВО РИЗИК ВСС (социологија, педагогија) Фацилитирање на комуникацијата на релација семејство – училиште и работа со децата во ризик од I – IX одд. во Општинскиот центар за заштита на децата

    Обука за деца со попреченост

    2. КООРДИНАТОР ЗА ДОНАЦИИ ВСС Организација на  работата на прибирање и распределба на донациите во Општинскиот Центар за донации Пехчево

    3.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    во с.Чифлик, општина Пехччево

    ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

    4.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    во с.Умлена, општина Пехччево

    ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

    5.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    6.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    во с.Робово, општина Пехччево

    ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

    7.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    Во Пехчево, општина Пехчево

    ССС или основно образование Поддршка и помош во домот на на возрасни, стари лица и др. лица со намалена функционален капацитет во остварувањето на секојдневните потреби  (набавка на храна, лекови и др, ситни поправки во домот, плаќање на сметки)

    Обука за помош на стари лица

    8.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    9.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    10.АСИСТЕНТ ЗА ПОМОШ ВО ДОМОТ

    Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија Пехчево во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во:

    • општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ Тел: 033 441 321,
    • Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Љупчо Димитровски и
    • Центар за социјална работа Берово, Канцеларија за м,атеријални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска

    Пехчево. 20.08.2020 год.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...