-2.4 C
Pehčevo

    Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Грб на општина Пехчево Агенција-за-вработување-250x68

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 06.08.2018 година се објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

     

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, Биро за вработување Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

    За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

    долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

    млади лица до 29 години

    лица постари од 50 години

    лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

    жени припадници на помалите етнички заедници

    лица припадници на ромската етничка заедница

    самохрани родители

    родители на деца со пречки во развојот

    родители на 3 и повеќе деца

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

    1. ПСИХОЛОГ (стручна служба при ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево)
    2. СОЦИОЛОГ (стручна служба при ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево)
    3. ПСИХОЛОГ (стручна служба при ОЈУДГ ,,7-ми Септември,, Пехчево)
    4. Асистент за нега на стари лица во домашни услови
    5. Асистент за нега на стари лица во домашни услови
    6. Асистент за нега на стари лица во домашни услови
    7. Асистент за нега на стари лица во домашни услови
    8. Асистент за нега на стари лица во домашни услови
    9. Асистент за нега на стари лица во домашни услови

    Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово, Биро за вработување Пехчево во периодот од 06.08.2018 година до 17.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски -, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово  кај лицето Љупчо Димитровски,  Центар за социјлна работа Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Даниела Станоевска.

     

                                                                                                 Општинска Комисија за проект

                                                                                  “ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за

                                                                                                ИНклузивна општина Пехчево”

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...