24 C
Pehčevo

    Известување за одговорно користење на водоснабдителниот и канализациониот систем

    Датум:

    Известување...Почитувани граѓани на општина Пехчево,

    Согласно одредбите од  Законот за инспекциски надзор (Службен весник на РМ бр. 50/10; 161/10; 157/11 и 147/13) и Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води (Службен весник на РСМ бр.102/19), Ве известуваме заради заштита и спречување на оштетување на водоснабдителниот и канализациониот систем,  се забранува:

    –           приклучување на водоводна и канализациона мрежа без одобрение за приклучување и без склучен договор со давателот на услугата;

    –           бесправно користење на вода пред водомер;

    –           испуштање на цврсти материи: песок, земја, цемент, вар, камења, дрва, пепел,   трска, метал,стакло, пластични материи и други слични материи со поголем вискозитет во канализациониот систем;

    –           испуштање на урбани отпадни води од септички јами и отпад во канализациониот систем;

    –           испуштање на отпадни материи и води кои ги оштетуваат ѕидовите на канализациониот систем;

    –           испуштање на нафта и нафтени деривати, како и цврсти и течни запаливи и експлозивни материи во канализациониот систем;

    –           самоволно демонтирање и монтирање на водомери и водоводни арматури без согласност на давателот на услугата.

    За сторен  прекршок – непридржување кон пропишаните законските одредби, за физичко лице корисник на услугата  предвидена е  глоба во износ од 300 до 450 евра во денарска против вредност.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...