6.7 C
Pehčevo

    Иницијативата „Мрдни со прст“ претставена во Пехчево

    Датум:

    Мрдни со прст

    Во општина Пехчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“ на 22.12.2017г. во хотел Гогов се одржа информативна средба со претставници од НВО „КХАМ“ од Делчево и претставници од неколку релевантни институции во Општина Пехчево, како и членови на невладини организации на која се презентираше иницијативата „Мрдни со прст“.

    Иницијативата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат, поединечно, но и колективно.

    На средбата Ромина Кајтазова  од НВО „КХАМ“ од Делчево зборуваше за значењето и за реализацијата на проектот.

    Во овој контекст би сакале да ги известиме нашите граѓани, институции и други партнери и соработници дека веќе сме започнати со спроведување на информативни средби со граѓаните и граѓанските организации за да се запознаат со самиот концепт на иницијативата „Мрдни со прст“, но и со можностите кои се нудат за нив и секако да се охрабрат и земат активно учество во граѓанското вклучување и застапување.

    Во рамки на иницијативата Мрдни со прст, НВО КХАМ од Делчево ги повикува сите граѓани од општините: Делчево, Берово, Пехчево, М. Каменица, Кочани и Виница да ‘’мрднат со прст’’ и активно да ја следат веб страницата на иницијативата www.mrdnisoprst.mk и фејсбук страните: (www.khamdelcevo.org.mk; https://www.facebook.com/delcevo.kham/ ; https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/; ) за да бидат во тек и да се вклучат во сите понудени активности.

    По завршување на овие средби ќе биде објавен повик за акции на кои заинтересираните граѓани во соработка со институциите ќе имаат можност да предложат и иницираат идеи преку креативен пристап и интернет активизам, како и  преку застапување со што ќе придонесат кон промени во нивната локална заедница. Каква промена и на кој начин таа ќе се изврши, ќе одлучат самите граѓани  преку доставување нивни предлози. Вкупно ќе бидат поддржани 15 акции за сите шест општини, односно во Делчево, Берово, Пехчево, М. Каменица, Кочани и Виница, каде дел од активностите  ќе бидат за граѓанско вклучување, а дел за застапување.

    Повикот ќе биде отворен во период од четири месеци, започнувајќи од Јануари 2018.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...