0.7 C
Pehčevo

    Информација за изградбата на малата хидроцентрала во населбата Равна река во Општина Пехчево

    Датум:

    До: медиумите

    Предмет: Информација за изградбата на малата хидроцентрала во населбата Равна река од Општина Пехчево

    Почитувани,

    Со цел да ги демантираме сите невистини кои деновиве се пласираа во јавноста, а со намера да ја информираме јавноста за целата постапка и улогата на Општина Пехчево околу изградбата на малата хидроцентрала во населбата Равна Река, Ви ја доставуваме оваа информација.

    1.Изградбата на малата хидроцентрала ја врши компанијата ДПГТУ МИНКА-ЕНЕРГОТЕК ДОО, а не општина Пехчево. Министерството за животна средина и просторно планирање издала решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина и во него пишува:

    – Со ова решение се одобрува Елаборатот за заштита на животната средина од јануари 2015 година за проектот ,, Изградба на МХЕЦ Брегалница 329 во општина Пехчево за потребите на инвеститорот ДПГТУ МИНКА-ЕНЕРГОТЕК ДОО од Скопје.

    – Од доставената документација констатираме дека со изградбата и работа на проектот: Изградба на МХЕ Брегалница 329, за производство на електрична енергија во о. Пехчево, нема да има значителни влијанија врз животната средина

    – Инвеститорот се задолжува целосно и без исклучоци да се придржува кон пропишаниот режим и мерки за заштита предвидени во Елаборатот за заштита на животната средина.

    1. Во оваа смисла мора да потенцираме дека јавноста беше дел од целиот процес. Прво, на 3.2.2015 на веб страницата на општина Пехчево (http://pehcevo.gov.mk/konsultatsija-so-javnosta-za-strategiska-otsena-na-zhivotnata-sredina-za-proekt-za-infrastrukturna-gradba-za-mala-hidroelektrichna-tsentrala-na-reka-bregalnitsa/)

    беше објавено Известување, а врз основа на Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина. Второ, беше организирана консултација со јавноста на 6.2.2015 година во просториите на Општина Пехчево, а по завршувањето на консултацијата со јавноста во текот на следните 30 дена, јавноста можеше да достави мислења, забелешки и слично по електронски пат, по пошта или преку архивата на општината. Но, до нас како Општина во рамките на дефинираниот рок до општината и до инвеститорот не пристигнаа никакви мислења, забелешки и слично во насока на квалитативно подобрување на целокупниот проект.

    1. Во овој дел можеби треба да се спомне- дека свесно, поради интересите на еден човек или поединци, целата ситуација се проблематизира, сакајќи да се даде впечаток во јавноста дека Општина Пехчево и градоначалникот работат на штета на сопствените жители и на штета на населбата Равна Река која е наш адут за развој на туризмот. Тоа изричито го демантираме и ги потсетуваме нашите сограѓани кои се незадоволни од ова решение, да дојдат во Општина Пехчево со цел да одржиме консултативна средба за да ги отстраниме сите нејаснотии.

    Почитувани граѓани, исто така, ја користиме оваа прилика, да ве известиме дека Ви стоиме на располагање на сите Вас за било какви дополнителни прашања кои ќе придонесат во подобрување на целокупниот проект. А доколку сакате можеме да договориме состанок со инвеститорот, со претставници од Министерствата надлежни за овој проект и претставници од општината, па по пат на дијалог да се остранат проблемите и нејаснотиите.

     

    Со почит,

    Градоначалник на општина Пехчево

    Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...