18.6 C
Pehčevo

    18-та Седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на осумнаесетата седница на советот.

    18-тата седница на Советот на Општина Пехчево е закажана за понеделник 17.08.2015 година, со почеток во 09 часот.

    Седницата ќе се оддржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД
    за 18-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог Одлука за втор ребаланс на буџетот на општина Пехчево;
    2. Предлог Одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево, втор квартал од 01.01.2015 до 30.06.2015 година;
    3. Предлог Одлука за престанок на одлуката за преостапување на користење машина – ровокопач ЈСВ 4СХ на ЈКП ,,Комуналец,, -Пехчево;
    4. Предлог Одлука за давање на согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈКП Кoмуналец за висината на цената за плаќање на извршена услуга со хилта;
    5. Предлог Одлука за давање на согласнот на одлуката на Управниот одбор на ЈКП Кoмуналец, за прикулучување на корисник на услуга со стар водомер само ако е бандажиран од страна на овластено и сертифицирано друштво;
    6. Предлог Одлука за давање согласност на одлуката на управниот одбор на ЈКП Комуналец за утврдување на цена за користење на техничка вода од водовод на Љутачка Река;
    7. Предлог Одлука за усвојување на финансиски извештај на работењето на ЈКП Комуналец – Пехчево од 01.01.2015 година до 30.06.2015 година;
    8. Предлог Одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП Комуналец – Пехчево за првата половина од првата половина од 2015 година;
    9. Предлог Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу општина Пехчево и општина Кривогаштани;
    10. Решение за формирање на заедничка Комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу општина Пехчево и општина Кривогаштани;
    11. Предлог Одлука за усвојување на елаборат за штети од елементарни непогоди;
    12. Предлог Одлука за избор на добитници на награда ,,7 Септември” за 2015 година;
    13. Предлог Одлука за купување на недвижен имот во сопственост на општина Пехчево;
    14. Барања од граѓани;
    15. Советнички прашања;
    16. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево
    Претседател
    Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево со Леон

    Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево...

    Изградба на гратска Капела

    Почитувани сограѓани, Со чувство на почит кон традицијата и...

    Реконструирана улица бр 13б во с. Чифлик

    Во село Робово заврши реконструкцијата на улицата бр.13б во...

    Реконструкција на улица бр. 5 с. Робово

    Во село Робово заврши реконструкцијата на улицата бр.5 во...