2.5 C
Pehčevo

    Хуманитарната акција насловена од запад за исток пристигна во Пехчево

    Датум:

    Западот му донираше на истокот хуманитарна помош. Акцијата што ја спроведе битолската организација на жени , испровоцирана од социјалните прилози на ТВ Стар, денеска пристигна во Малешевијата.

    Западот му донираше на истокот хуманитарна помош. Акцијата што ја спроведе битолската организација на жени , испровоцирана од социјалните прилози на ТВ Стар, денеска пристигна во Малешевијата. Први дел од помошта добија семејствата Цековски од Пехчево и Механџиски од Мачево.
    Помошта тешка 2 тони, со алишта, постелнина, кујнски сетови и храна, битолските граѓани ја собираа 3 недели, а ја донесоа со поддршка на општина Битола.
    ОО на жени од Пехчево, сега има задача да ја селектира и предаде на семејствата на која им е неопходна. Оваа хуманост денеска донесе тронка надеж за семејствата кои живеат на социјалното дно, а чија судбина беше прикажана преку камерата на ТВ Стар и докажа дека хуманоста нема граници и дека таа живее во човекот, но треба само малку, за да се разбуди.

                                 

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...