7 C
Pehčevo

    Градоначалникот Тренчовски се запозна со активностите на општината и најавува напорна работа

    Датум:

    Градоначалникот Драган Тренчовски деновиве оствари средба со дел од вработените во локалната самоуправа, се запозна со работата и изврши увид на активностите кои се во тек, а се во насока на подобрување на животот во општината, како и за активностите што се превземаат за нивно решавање и подобрување на стандардот на граѓаните, особено преку изградба на патишта и улици во градот и сите населени места и развивање на туризмот и економијата.

    активности

    Тренчовски оствари средба и со координаторот на Програмата за заштита на природата во Македонија со канцеларија во Пехчево, Јасминка Пашалиска-Андоновска, на која беше запознаен со програмата, активностите и проектите кои се превземаат во насока кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, односно изградбата на Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во село Негрево, како и промоција на општината и одржливото користење на природните ресурси, а со цел да овозможи непосреден пристап на посетителите до природата.

    -Драго ми е што ја имам можноста одблиску да се запознаам со активностите на општината. Со вработените разговаравме за состојбите и за предизвиците со кои се соочува општина со цел подобрување на условите за работа, за она што е потребно на граѓаните и како можеме да им се помогне за да го подобриме животот и да ја развиеме општината. Имаше конструктивни сугестии и идеи што може да придонесат кон натамошен развој на општина, но разговаравме и за реформите кои планираме да ги направи во локалната самоуправа, со цел ефективно  и транспарентно работење на општините исклучиво во интерес на граѓаните, изјави градоначалникот Драган Тренчовски.

    -Вчера имав можност заедно со координаторот на Програмата, Јасминка да се запознаам со програмата и изградбата на Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во село Негрево од кој сум импресиониран. За нас како општина ова ќе биде значаен проект како туристичка понуда, но ќе биде дел од картата на потенцијални места за посета на научни екскурзии во Пехчево, додаде Тренчовски.

    Инаку, ваквите средби ќе станат пракса на градоначалникот и ќе се одвиваат во континуитет, а со тоа ќе се зголеми и соработката и полесно ќе се решаваат проблемите со кои се соочуваат граѓание, и нагласи дека во скоро време ќе направи уште средби со разни целни групи и ќе ги истакне проектите кои планира да ги реализира за унапредување на животниот стандарт на граѓаните во општината.

    Панчарево дом

    Од проектите кои се во програмата со која ја доби довербата од граѓаните, најави дека наредната недела започнува реконструкцијата на Домот во село Панчарево, а до крајот на оваа недела ќе се продолжи со асфалтирање на улиците Гоце Делчев, Страшо Пинџур, Ванчо Китанов и ул. Маршал Тито во Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...