8.2 C
Pehčevo

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Датум:

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија. Домаќин на средбата беше директорот на Комората, Роберт Грах, со кого се разговараше за економските потенцијали и предизвици на регионот Помурје, најбрзо растечката економија во Словенија. На средбата беше нагласена важноста од унапредување на соработката со Македонски компании.
    Во фокусот на разговорите беа можностите за заеднички проекти во областа на туризмот, дрвната индустрија и трговската размена. Двете страни ја изразија подготвеноста за продлабочување на економските врски и за создавање поволна бизнис-клима за идни инвестиции.
    Градоначалникот Китански исто така оствари посебна средба со Др. Милан Светец, директор на Јавниот завод за научни истражувања, при што беа разгледани потенцијалите за научна и техничка соработка меѓу двете институции.
    Како дел од активностите за унапредување на меѓурегионалната соработка, се планира организирање на возвратна деловна средба во Пехчево, каде што компании од Помурската област ќе имаат можност да се запознаат со условите и предностите за инвестирање во индустриската зона во Пехчево.
    Оваа посета претставува значаен чекор кон градење на стабилни економски врски помеѓу регионот Помурје и Општина Пехчево. Соработката продолжува со засилен интензитет!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Средба на градоначалниците на Пехчево и Мурска Собота – Зајакнување на меѓуопштинската соработкa

    Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански оствари официјална средба со...